Владите на Мексико и Мијанмар се обиделе да сокријат стории кои требало да бидат кажани, но затоа квалитетното новинарство на Њујорк Тајмс помогна во откривањето на вистината.
Овие два случаи се во фокусот на новата кампања на познатиот американски весник, насловена „The Truth is Worth It“, во која се раскажува како вистината може да биде извртена и заборавена, но и како упорната и посветена новинарска работа може да ја расветли ситуацијата.
Двата спота кои се во центарот на кампањата се насочени кон мислата дека „вистината не известува сама за себе“, односно дека потребен е новинар со вистински новинарски порив за да ја открие. Спотовите се составени од повеќе снимки и слики поврзани со сториите, над кои се испишуваат различни зборови и реченици, всушност следејќи го мисловниот процес на новинарот, за на крај да се дојде до крајниот наслов со кој биле публикувани сториите во весникот.
Кампањата е дело на агенцијата Droga5.