(РЕГИОН) – Во почетокот на март, поточно од 01-02.03.2017 година, во Загреб ќе се одржи натпреварувањето Next Balkans, под мотото „Клиентот кажа не, а ние велиме Покажи се!“.
Натпреварувањето се одржува во рамките на конференцијата која се одржува во организација на магазинот Бренд Култура од страна на Superbrands Хрватска.
„После неколку години работа се одлучивме да ја„разголиме“ струката и да покажеме кој ја сочинува индустријата на креативни решенија, но во еден сосема друг контекст. Во рамките на конференцијата NEXT BALKANS ќе се одржи натпреварување на креативни решенија кои никогаш не ја виделе светлината на кампањата,“ се наведува во најавата на настанот.
Темата на Next Balkans конференција ќе биде: „NEXT ZONA: Креативен погон“. За своите бизнис искуства ќе зборуваат признати регионални стручњаци од светот на маркетингот и односите со јавноста и и преку сопствените искуства ќе ни ги приближат предизвиците со кои се соочуваат при правењето на кампањите, соработката со агенциите/клиентите и трендовите.
Натпреварувањето за наградите Next Balkans се отвара овај месец, а организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да ги покажат своите кампањи, да ги пријават на Next Balkans 2017 натпреварувањето и да докажат дека нивната агенција има одлични идеи, концепти, слогани и замисли!
„Покажете ни ги решенијата кои се премногу смели, премногу шарени, премногу clean, сосема вон контекст, но сепак оригинални и иновативни. Не битно е што не поминале и кои се причините заради тоа. Она што не` радува е желбата сепак да бидат видени,“ порачуваат организаторите.
Наградите се доделуваат во категориите: Логотипи, Принт, Радио, Видео, Веб дизајн, Герила, Social, Апликации, а главни критериуми се оригиналност и иновативност.
Можат да се пријават поединци, креативни агенции, агенции за односи со јавноста и компании.
Конференцијата и натпеварувањето го организира бесплатниот стручен магазин за брендирање Бренд култура, поддржано од Superbrands и агенцијата Dhar media.