Американскиот дневен весник The New York Times лансираше нова кампања насловена „Независно новинарство за независен живот“ (“Independent Journalism for an Independent Life”).
Кампањата претставува серијал од спотови во кои весникот дава увид во животите на неколку сосема различни читатели, рефлектирајќи ја нивната уникатност, но и сопствената – според содржините што ги публикува.
Серијалот од видеа ни ги претставува личностите на Џордан, Беки, Вера, Јасмин и Лијана – секој со свој интерес и независен живот, сите претплатници на The New York Times.
Имено, според NYT, нивното новинарство има толку широк опсег, што секој ќе најде тема или содржина која го интересира и ќе сака да ја следи, па ќе се претплати на весникот кој тоа го нуди.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Droga5.