Компанијата за истражувања на пазарот и мерење на медиумски рејтинг Nielsen одлучи да го промени својот визуелен бренд идентитет, кој треба да ја отсликува водечката улога на компанијата во еволуцијата на глобалниот медиски свет.
Новото лого се состои од нов заоблен фонт без остри рабови и икона од четири различно обоени триаголници, распоредени така што со празниот простор меѓу нив ја формираат буквата N.
Четирите различно обоени триаголници би требало да симболизираат диверзитет, еволуирачки трендови, копчето „плеј“, а вертикално поставените зелен и портокалов триаголник – нагорни и надолни трендови.
Слоганот „Audience is Everything“ („Публиката е сé“) останува, меѓутоа Nielsen доби нова формулација на нивната мисија: “Powering a better media future for all people” („Поттикнување подобра медиумска иднина за сите луѓе“).
Ребрендирањето доаѓа после големи предизвици со кои се соочуваше компанијата на американскиот пазар. Nielsen за следната година го планира лансирањето на крос-медиската платформа за мерење Nielsen One.
A new Nielsen for a new media world. https://t.co/tyWhe6tQNZ pic.twitter.com/lrIi25BEoJ
— Nielsen (@nielsen) October 18, 2021