Home » Во фокусот » Нилсен воведува подобрено мерење на кампањите на повеќе платформи

Нилсен воведува подобрено мерење на кампањите на повеќе платформи

Со новата понуда Total Ad Ratings, Нилсен ќе ја мери публиката на сите канали, од телевизија преку дигитални канали, а за прв пат ќе се вклучи и мобилната публика

Нилсен во САД лансираше подобрено мерење на кампањите на повеќе платформи, во обид да им обезбеди на своите клиенти посеопфатни увиди за публиката, која гледа реклами на паметни телефони, таблети, компјутери и телевизија.

Со ова подобрување, Нилсен ќе им обезбеди на купувачите и продавачите на медиумски простор сеопфатно, независно мерење низ сите платформи и ќе му овозможи на пазарот да ги монетизира кампањите, како на телевизија, така и на дигиталните канали.

Со оваа промена, Нилсен во својата Total Ad Ratings понуда за прв пат ќе ја вклучи и мобилната публика – вклучувајќи го и Јутјуб. Покрај тоа, оваа компанија ќе ја прошири понудата со вклучување на OTT (over-the-top) публиката во нивните Digital Ad Ratings услуги.

Освен овозможување на многу поцелосно разбирање на публиката, Total Ad Ratings ќе понуди можност за споредба на ефикасноста на рекламите кои се прикажуваат преку телевизија и дигиталните канали, благодарение на споредливи мерења, врз основа на вистински луѓе и вистински податоци.

Преку Total Ad Ratings, Нилсен ќе обезбеди мерење за гледачите кои следат реклами на ТВ, телефон, таблет или компјутер или гледаат преку било која комбинација од овие платформи. Потпирајќи се на услугите Nielsen National Panel и Digital Ad Ratings, подобреното известување во рамките на Total Ad Ratings нуди уникатно, независно и недуплицирано мерење на публиката на индивидуално ниво, кое им помага на маркетерите за да добијат вистински увид во досегот на нивните рекламни кампањи.

Оваа комплетна покриеност и известување за современото медиумско трошење ќе им овозможи на маркетерите поткрепат свјата способност за поврзување на публиката со брендовите на различни платформи и во различни формати.

“Обезбедувањето на квалитетно мерење на публиката на повеќе платформи е клучно за нашата мисија и возбудени сме што можеме да го подобриме нашиот производ Total Ad Ratings со цел да го направиме токму тоа”, вели Аманда Тарпеј, виш потпретседател на производи на Нилсен. “Без разлика дали корисниците гледаат на нивниот телевизор или нивниот паметен телефон, Нилсен ќе биде во можност да прикаже колку реклами гледаат, што е голем чекор кој ќе биде од корист за целата индустрија, од издавачите и платформите до огласувачите и агенциите .”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365