На веб страницата на Најк се повлечени сите артикли со името на Коби Брајант со цел да се спречи незаконско размножување на самата линија на производи.
Американскиот производител на спортска облека се одлучи на ваков потег за да ги спречи препродавачите да купат поголем број од овие производи одеднаш и подоцна да ги продаваат по повисока цена.
Во овој момент, доколку барате нешто што има поврзаност со колекцијата „Црна Мамба“ на страницата nike.com, ќе ви се појави виолетово-жолта картичка на која се наоѓа логото на Лос Анџелес Лејкерс.
Трагичната смрт на Коби Брајант ја погоди целата компанија, вработените се во шок и тешко го прифаќаат заминувањето на еден од најголемите спортисти на сите времиња. Коби не беше само еден од најдобрите амбасадори на Најк, туку вистински партнер кој соработуваше со директорите, дизајнерите, програмерите и вработените низ целата корпоративна структура.
Опремата со неговиот потпис е една од најпродаваните брендови на Најк, особено кошаркарските патики што ги носеа повеќе од 100 кошаркари во НБА оваа сезона, пренесува И-Ес-Пи-Ен. Тоа е скоро една четвртина од најсилната лига во светот.
Дизајнерите во Бевертон, Орегон (каде се наоѓа седиштето на американскиот гигант) биле воодушевени од неговото внимание кон деталите, како и од неговиот прецизен пристап кон подобрување на патиките од година во година.
Во понеделникот, илјадници луѓе пристигнаа во Бивертон и се собраа пред плакатот висок 35 метри со ликот на Брајант, со поглед на јужниот брег на езерото. Облечени во неговата опрема и бројни модели на патики (11 модели додека беше играч и шест нови кога ја заврши кариерата) и тие оставија цвеќиња на импровизирано бдение.
„Испраќаме најдлабоко сочувство до сите што беа блиски до Коби, особено неговото семејство и пријатели. Тој беше еден од најголемите спортисти од својата генерација и имаше неизмерно влијание врз спортскиот свет и кошаркарската заедница. Тој беше сакан член на семејството Најк. Многу ќе ни недостига. Мамба засекогаш“, се вели во соопштението на компанијата.
Најк планираше да го промовира новиот модел „Kobe 5 Protro“ во наредните недели. Моделот би бил во комбинација на црна и бела боја, со примеси на кралско злато и би требало да ја види светлината на денот на 7 февруари. Се работи за модел во црно-бела комбинација кои Брајант ги носеше во финалето во НБА 2010 година, кога го освои петтиот и последен шампионски прстен. Сепак, сè уште не е познато дали промоцијата ќе биде одложена.
Американскиот гигант ќе размисли како да ја вклучи опремата потпишана од Коби во идната продажба, а на слични чекори се одучија и некои компании кои се занимаваат со препродажба на спортска опрема.
„Нема да продаваме ништо со името на Коби овај период. Сите производи се повлечени од полиците и сите нарачки преку интернет се рефундирани“, се вели во соопштението на ланецот на продавници Риф со седиште во Лос Анџелес.
„Urban necessities“, компанија со седиште во Лас Вегас, испратија е-пошта до продавачите во неделата за да го објаснат пристапот до производите на Коби и да ги спречат драстично зголемување на цените. Во некои секундарни продажни места, цената на патиките на Брајант се зголемија за 200 или 300 проценти во последните 24 часа. „Поради неодамнешната смрт на Коби Брајант и почитта кон неговото семејство и наследството, не сакаме да дозволиме да се променат цените на производите“, неведуваат од компанијата Urban necessities.