По повод меѓународниот ден на жената, американскиот бренд за спортска опрема Nike лансираше нова реклама насловена “We Play Real” („Ние играме вистински“) со која ги слави црните спортистки.
Рекламата прикажува колаж од снимки од спортистки како Серена Вилијамс, Наоми Осака, Симона Мануел, Шерил Свупс, Сејмон Август и Дајмонд Дешилдс, додека пак наратор е актерката Доминик Фишбек. Кампањата ги слави успесите, издржливоста, силата и способнста на црните жени да преводат промени во светот.
Во рекламата исто така се акцентира како овие жени ја искористиле својата популарност и платформа за да бидат гласни во однос на расната нееднаквост. На пример, тенисерката Наоми Осака на минатогодишниот УС Опен носеше маска со името на Бријана Тејлор, која минатиот март беше неправедно убиена од страна на полициски службеници.
Покрај спотот, како дел од кампањата Nike ќе соработува со непрофитната организација Black Girl Ventures, чија цел е да им обезбеди на црните жените пристап до своја заедница и капитал. Nike ќе инвестира половина милион долар во непрофитната организација и ќе продолжи да публикува содржини кои ги слават црните жени и демонстрираат како треба да се изгради поинклузивно општество и култура во текот на 2021 година.