Американскиот гигант за спортска опрема Најк ги затвора сите свои продавници во САД и неколку други земји, со цел да го ограничи ширењето на корона вирусот.
Продавниците во Канада, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд ќе бидат затворени од 16 до 27 март, се вели во соопштението на компанијата.
Сепак, продавниците во Јужна Кореја, Јапонија, голем дел од Кина и многу други земји во моментов се отворени и ќе продолжат да работат нормално.
Најк презема дополнителни чекори на други објекти, вклучувајќи ја и можноста за работа од дома, се додава во соопштението.
На почетокот на овој месец, Најк привремено го затвори своето европско седиште во Холандија, откако еден од нивните вработени беше заразен со вирусот.