Брендот за спортска опрема Nike ја заврши својата најголема глобална медиска ревизија во последната деценија, по што наводно ќе го подели своето медиско работење помеѓу две компани -, една за домашниот американски пазар, а друга за меѓународниот пазар.
Според адвертајзинг магазинот Campaign US, агенцијата Initiative на IPG Mediabrands ќе биде задолжена за меѓународното медиско планирање и закуп на Nike, додека пак независната агенција PMG ќе ја има истата задача, но за северноамериканскиот пазар.
Се проценува дека ревидираниот медиски договор на Nike, вклучувајќи го и под-брендот Jordan, е еднаков на 1 милијарда американски долари, од кои 300 до 400 милиони долари се насочени кон домашниот американски пазар.
Претходно, медиското планирање на Nike за Северна Америка било во рацете на Wieden + Kennedy, инаку креативна агенција на Nike во последните 35 години. Меѓународните медиски активности на брендот, пак, биле раководени од агенциите Mindshare и Assembly.