Во април минатата година, семејството на кошаркарската ѕвезда Коби Брајант и неговата ќерка Џиџи, кои трагично загинаа во хеликоптерска несреќа, одлучи да не го продолжи договорот со брендот за спортска опрема Nike. Неколку недели подоцна, фамилијата лансираше сопствен бренд на облека и обувки именуван како Mambacita.
Меѓутоа, сега, семејството се согласи да ја продолжи линијата на облека и обувки со името Брајант под капата на Nike.
Според објава на Инстаграм од Венеса Брајант, вдовицата на Коби, сите приходи од продажбата на претстојната колекција ќе бидат донирани на семејната спортска фондација “Mamba and Mambacita Sports Foundations”.
Дополнително, семејството ќе соработува со Nike за изградба и развој на нов кошаркарски центар за млади во Јужна Калифорнија.
„Јас сум толку горда што обувките на мојот сопруг се сé уште најносени од играчите на НБА терените и дека побарувачката за неговите обукви останува толку посакувана од неговите фанови ширум светот. Со ова ново партнерство, фановите наскоро ќе продолжат да имаат пристап до Најк производи посветени на Коби и Џиџи во годините што следуваат“ – посочи Венеса Брајант.
Следниот производ во колекцијата треба да бидат патиките Kobe 6 Protro во чест на 16-роденден на Џиџи Брајант, кој младата кошаркарка требаше да го прослави на 1 мај 2022 година.