Моделот на претплата (supscription) се чини дека пополека го прифаќаат и компании за кои не сме традиционално научени дека можат да го понудат.
Ако досега преку претплата купувавме струја, вода, мобилни, парно…хостинг, весници и сл. , отсега Најк ќе нуди и можност за претплата на патики …и тоа детски патики.
Овој продажен модел, Најк планира да го спроведе преку програмата Nike`s Adventure Club кој ќе нуди три различни опции за деца помеѓу 2 и 10 години – да си добијат нов пар на обувки.
Претплатата вклучува три опции:
- За 20 долари месечно, претплатниците би добивале 4 пара обувки годишно;
- За 30 долари месечно, претплатниците би добивале 6 пара обувки месечно ; и
- За 50 долари месечно, претплатниците би добивале нов пар обувки секој месец во вашиот дом.
Најк нормално, претходно го тестирале овој модел преку нова компанија што се вика “Easy Kicks” и според некои извори веќе создал база од 10,000 членови.
Adventure Club ќе испорачува кастамизирана кутија со името на детето на неа, упатство за користење и неколку варијанти на стикери. Од она што е досега познато, ќе бидат достапни над 100 видови на обувки, со бесплатна достава и гаранција што овозможува промена или враќање на производот.