Со децении, логото на Nissan беше лојално на вербата која ја одразуваше филозофијата на основачот Јошисуке Аикава која гласи: ”Доколку имате силна верба, таа може да продре дури и до сонцето”.
Дваесет години подоцна, претставена е нова верзија на логото, прилагодена на дигиталната доба. Новото лого на Nissan делумно останува верно на традицијата, а делумно ги отсликува значајните промени што се случија во нашето општество во последните две децении. Препознатливото лого е редизајнирно за да се означи свртувањето на брендот кон иднината и неговата непрекината поврзаност со сопственото богато наследство и традицијата на иновации.
Сè започна уште во 2017 година кога Алфонсо Албаиса, потпретседател на одделот за глобален дизајн на Nissan, се обиде да ги истражи новите можности за визуелниот идентитет на брендот и изгледот на логото. Тој му наложи на дизајнерскиот тим да ги испита сите можности на новиот дизајн, почнувајќи од незначителни измени па сè до целосен редизајн на изгледот.
Во текот на следните две години, дизајнерскиот тим вредно скицираше и разви неколку верзии на логото, имајќи ги предвид зборовите на Аикава: „Бидете страсни, бидете иновативни, осмелете се да предизвикувате“.
Тимот мораше да испита неколку варијабли, вклучувајќи ја и одлуката за осветлување на логото на идните електрични модели. Ова донесе одредени технички предизвици. На пример, потребно беше внимателно да се процени дебелината на надворешниот раб на логото за да изгледа впечатливо кога се осветлува, како и да се обезбеди дека е во согласност со владините регулативи во врска со осветлените делови од автомобилите. Логото требаше да остави силен впечаток дури и кога не е осветлено, на пример, во печатено или дигитално издание.
По бројните скици и неколку макети, беше креирано дводимензионално лого, кое за прв пат е претставено на новиот електричен модел, Nissan Ariya.
Новиот дизајн овозможи премин од строг индустриски дизајн во софистициран и топол дизајн со дигитален потенцијал. Дизајнот ја означува еволуцијата на Nissan како давател на напредни услуги за мобилност, а не само како производител на традиционални автомобили, а тоа е пораката што компанијата сака да ја испрати со оваа промена.