Со цел прослава на 50-годишниот јубилеј откако McDonald’s влезе на јапонскиот пазар, брендот за брза храна се здружи со автомобилскиот производител Nissan и направи „Среќен оброк“ на тркала.
Заедно со лансирањето на новиот Nissan GT-R NISMO, автомобилската компанија откри и специјална верзија на автомобилот со дизајн инспириран од препознатливите „Златни лакови“ на McDonald’s.
Интензивната жолто-златна боја на спортскиот автомобил е комбинирана со сива боја на хаубата и кровот, а различни елементи се обрабени и акцентирани со црвена. Оригиналната варијанта на автомобилот доаѓа во примарна сива боја, со слично црвено акцентирање на одредени делови.
Минијатурни верзии на GT-R NISMO ќе се најдат и како играчки во „Среќните оброци“ (“Happy Meals”) на McDonald’s на јапонскиот пазар. Повеќете од нив ќе го имаат оригиналниот сив дизајн на автомобилот, додека пак златната варијанта ќе биде поретка и поексклузивна.