Агенциската мрежа Dentsu International ја назначи Нена Иломечина за нов глобален опративен директор, најследувајќи го Нил Гислер кој оди во пензија овој квартал.
Иломечина ќе стапи на функцијата во мај оваа година, при што ќе биде задолжена за надгледување на деловната трансформација на компанијата и испорака на профитабилен раст. За своите задолженија, таа ќе одговара пред глобалната извршна директорка Венди Кларк.
Нена Иломечина има над 20 години искуство на лидерство во дигиталните трансформации, а се приклучува на Dentsu International од компанијата за деловни услуги Accenture Strategy, каде беше управен директор и директор за стратегија од 2016 година. Пред тоа, таа работела како директор во консултантската компанија AlixPartners.
Нејзиното назначување во Dentsu е дел од низата клучни промени во лидерскиот тим на агенциската мрежа кои се реализираа во изминатиов период. Имено, претходно Мајкал Кмасински беше назначен за глобален извршен директор на подружницата Merkle, Фред Леврон беше назначен за глобален креативен директор, а Алекс Хес за глобален директор за стратегија.