“No Man’s Sky,” видео играта која ја прикажува вселената и борбата за опстанок во неа, во моментот е вовлечена во контроверзии откако излезе во август.
Уште од првиот ден, играчите биле фрустрирани на програмерите заради недостатокот на јасност во врска со присуството на мултиплеер (или недостаток од него), и остра разлика помеѓу првобитниот прикажан треилер на играта и крајниот производ.
Многумина сметаат дека главниот развивач Шон Мареј намерно лажел, кога зборувал за карактеристиките на играта во претходните месеци и години пред таа да излезе.
Таквите контроверзии достигнаа нов врв, по поднесените жалби до “Британските рекламни стандарди“ (ASA) кои започнаа истрага за рекламите во играта. Истрагата треба да направи преглед на почетната страна на играта, каде се видливи треилерите и нацртите за играта за која играчите веруваат дека не го претставуваат конечниот производ.
Ако ASA смета дека се повредени прописите, организацијата може да наметне санкции и рекламите кои се однесуваат на играта да ги отстрани од интернет, според Eurogamer. Теоретски, направена е грешка кон крајот од играта во однос на треилерите и нацртите за кои е поставено барање да се отстранат од официјалниот онлајн сајт ( storefronts).
Вреди да се напомене дека ASA има различни стандарди од Американската Федералната комисија за трговија, па дури и овозможува на својата веб страница полесен преглед на нерегуларни реклами од страна на јавноста.
“No Man’s Sky”, вети бескрајно голем и различен универзум во кој играчите ќе може да најдат величествени суштества и уникатна топографија на секоја прикажана планета. Играта како што сега постои, иако импресионира на техничко ниво, сепак и авторите признаваат (со тоа што премолчуваат на обвинувањата) дека трејлерите не соодветствуваат баш на реалноста.