Новата кампања на британската невладина организација Inspiring Girls започнува со прашањето: “Дали ја познавате оваа жена?“
Кампањата #NobelForMileva е создадена во одбрана на родовата еднаквост и признавањето на жените во науката и технологијата. Тоа е исто така глобално движење за застапување на правдата, барајќи од Нобеловата фондација да го признае делото и талентот на Милева Мариќ, српска физичарка и математичарка, која беше и прва сопруга на физичарот Алберт Ајнштајн, добитник на Нобеловата награда во 1921 година (пред точно 100 години). Милева беше коавтор во многу академски достигнувања на познатиот научник, вклучувајќи ја и теоријата на релативноста. Сепак, наследството на Милева во голема мера се изгуби со текот на времето.
Кампањата ги повикува луѓето да објават селфи фотографии на социјалните мрежи на оваа организација со исплазен јазик, со хаштагот #NobelForMileva, на тој начин, давајќи му ново значење на гестот што го трансформираше Алберт Ајнштајн во икона на поп културата и претстава на генијалец. Гестот е главниот симбол за претставување на борбата за еднакви права.
Покрај дигиталната мобилизација, кампањата го препознава придонесот на Милева во науката и на други фронтови, вклучувајќи слики, графити, мурали, па дури и тетоважи од лицето на првата сопруга на Алберт Ајнштајн, направени од уметници од различни делови на светот.
Движењето се потпира и на анимираниот краток филм „Let’s Celebrate Mileva’s Achievements! “, со приказна за три девојки кои се страствени за науката и кај Милева Мариќ го наоѓаат потребното охрабрување да ги следат своите соништа.