Со вкупно шест награди – три златни, две сребрени и една бронзена, Noble Graphics повторно беше прогласена за „Најефективната огласувачка агенција“ на натпреварот Effie Bulgaria.
Со вкупно 108 поени, Noble Graphics ја освои првата награда на Effie веќе трет пат по ред и шести пат откако е воспоставен овој натпревар во Бугарија. На второто место се најде агенцијата proof., додека пак третата позиција му припадна на BBDO Group.
Наградите за најефикасен бренд и најефикасен огласувач ги освои Kaufland Bulgaria, благодарение на кампањите реализирани во соработка со Noble Graphics.
За 15-то издание на Effie Bulgaria се пријавиле рекорден број на кампањи – 63% повеќе во однос на претходната година и 17% повеќе во однос на 2019 година. Во потесниот избор на финалето учествувале 23 кампањи, а жирито вкупно додели пет златни, четири сребрени и седум бронзени награди.
Наградите се организирани од страна на Бугарската асоцијација на комуникациски агенции (БАКА), а имаат за цел им оддадат признание на кампањите од изминатата година кои според мерливи критериуми постигнале значајни резултати и служат како пример за индустријата.