Во текот на вчерашниот ден, Нокиа ја промовираше својата прва реклама во серијата огласувачки видео пораки со кои сака да ја оддржи својата позиција на “нешто понакво“ и после продажбата на Мајкрософт.
Првата реклама во серијата “Everything Just Became A Lot #MoreColourful” е следена од звуците на песната на The Kinks насловена како “I’m Not Like Everybody Else“ и прикажува маж облечен во шарени лесно воочливи бои, кој користи Nokia Lumia телефон, а остатокот од околината и ликовите се црни и бели со што сака да се потенцира колоритната DNA на Нокиа. Видеото завршува со бои кои се комбинираат во логото на Мајкрософт.