Во друштво на претставници од светски водечките технолошки компании како Фејсбук, Гугл, Нетфликс, CNN, YouTube, New York Times и др. кои ќе бидат дел од најзначајниот настан за иновации и технологија во централна европа – ICEE Fest, ќе се најде и Норик Селими од македонската компанија Pikasa Strategic Insight.
Pikasa Strategic Insight е домашна компанија основана во 2010 година која нуди специфични услуги за прибирање и обработка на податоци, анализи и комуникациски консалтинг во областа на медиумите, информатичките технологии и онлајн маркетингот. Портофлиото на клиенти кои ги користат услугите на Pikasa, вклучува домашни и интернационални компании дел од Fortune 500 листата, организации и институции. На презентацијата на ICEE Fest, ќе бидат презентирани дел од иновациите кои Pikasa ги реализираше изминатиов период и трендовите во областа кои не очекуваат наредниве неколку години.
На ICEE Fest 2018 се очекуваат повеќе од 3000+ посетители кои ќе имаат можност да слушнат за најновите трендови и иновации во вкупно 9 носечки теми:
- Disruptionby Tech/ Импактот на технологијата врз општеството
- VR / AR & Creativity/ Новите дигитални комуникациски алатки
- Advertising & Marcom/ Маркетинг и продажни трендови
- Content & Adtech/ Новинарството и креирањето на содржини и начини на монетизирање
- eCommerce & Retail/ Маркетинг насочен кон перформанс и онлајн продажни техники
- Fintech & Blockchain/ Импактот на коините во банкарството и финансискиот свет
- Health & MedTech/ Трансформација на медицината и здравството
- Tech vs.Democracy/ Влијанието на интернетот во политиката и јавните финансии
- Startups & Investments/ Инвестиции и совети за стартап-компании
Настанот се одржува два дена во Букурешт, Романија на вкупно 7 сцени и на него знаење ќе споделат над 140 водечки компании и 200 врвни светски експерти за интернет, маркетинг, технологија, креирање на содржини, истражувања и анализи. Ова е за прв пат на ICEE Fest да биде поканет свое предавање да одржи и експерт кој доаѓа од Македонија.