Home » Медиуми » Нов документарен серијал на МРТ „Во најдобриот можен вкус“

Нов документарен серијал на МРТ „Во најдобриот можен вкус“

Македонската радио телевизија во соработка со Британски совет го прикажува троделниот документарен серијал „Во најдобриот можен вкус“ со британскиот уметник Грејсон Пери на првата програма на МРТ1 од денес до петок, 20, 21 и 22 декември, секоја вечер на полноќ.

Грејсон Пери e еден од најпознатите и најпопуларни британски визуелни уметници, лауреат на престижната Тарнерова награда за уметност во 2003 година. Поради својот единствен пристап кон работата, станал сакана и популарна фигура која денес води телевизиски програми и радио емисии, покрај изложбите на своите дела, а и отворено зборува за вредноста на уметноста во општеството.

Грејсон Пери отсекогаш бил фасциниран од вкусот – зошто луѓето купуваат одредени работи,  носат одредена облека и што тие одлуки кажуваат за нив. За таа цел, тој подготви триделен серијал насловен „Во најдобриот можен вкус“. Преку него, Пери го објаснува социо-културниот амбиент на современото британско општество низ креативен истражувачки процес и со изработка на уметнички дела. Пери престојувал одредено време со секоја општествена класа во Британија, обидувајќи се да го разбере нивниот вкус и да ни го објасни преку својата уметност. Во секоја епизода, тој се обидува да го сфати начинот на живеење на луѓето од различните нивоа на општествениот спектар – работничката класа од малиот град Сандерленд, средната класа во Танбриџ Велс, и на крај високата класа на Котсволд.

Но Пери не е нем набљудувач на вкусот на луѓето. Тој создал серија од шест импозантни таписерии кои ги нарекува „Суетата на малите разлики“ – негов личен, но комплексен став за вкусот  и за општествената класна мобилност во Велика Британија во 21-от век. Иако создадени сега, таписериите на Пери оддаваат почит кон сликарството од раната ренесанса, еден од неговите омилени уметнички периоди.

Серијата „Во најдобриот можен вкус“ ќе биде прикажана пред македонската телевизиска публика од среда до петок, 20, 21 и 22 декември на полноќ на првата програма на МРТ1.

Сите информации за оваа документарна серија може да се најдат на https://www.britishcouncil.mk/ programmes/arts/the-vanity-of- small-differences

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365