Почнувајќи од четвртокот, 1 септември, сведоци сме на нов невообичаен интернет тренд во кој познати брендови објавуваат твитови составени од само еден збор.
Кон трендот се приклучија брендови како Pepsi, Microsoft, Adobe, LEGO, Domino’s Pizza, Wikipedia, The Washington Post, CNN, Bloomberg, NASA и други, но според познавачите на интернетот, сé започнало од американската железничка компанија Amtrak.
Имено, во точно 15 часот Источно Време (21 часот кај нас), железничка компанија едноставно твитнала – “trains” („возови“). Зошто компанијата воопшто го направила тоа, не е јасно, но постојат две теории.
trains
— Amtrak (@Amtrak) September 1, 2022
Според првата, се работи за грешка. Според втората теорија: твитот е пародија на еден друг познат твит од далечната 2011 година, кога еден британски политичар по име Ed Balls само си го напишал сопственото име – Ed Balls. Набрзо твитот станал вирален и останал во колективната меморија на сеирџискиот дел од интернетот.
Во кој и да било случај, брендовите на Твитер си направија забава на задоволство на интернет-сеирџиите.
creativity
— Adobe (@Adobe) September 1, 2022
technology
— Microsoft (@Microsoft) September 1, 2022
Cola
— Pepsi (@pepsi) September 1, 2022
pineapple
— Domino’s Pizza (@dominos) September 1, 2022
universe
— NASA (@NASA) September 1, 2022
knowledge
— Wikipedia (@Wikipedia) September 1, 2022
news
— The Washington Post (@washingtonpost) September 1, 2022