Уметноста има моќ да го промени светот, а мистериозниот британски уметник Бенкси тоа го докажа уште еднаш со својот новогодишен мурал.
Пораката на Бенкси во пресрет на 2019 година беше насликана со тажниот мурал “Seasons Greetings“, a сега има за цел да го сврти вниманието на проблемите на бездомните лица во зимскиот период.
Непосредно пред божиќните празници, Бенкси на неговиот Инстаграм профил објави видео од мурал на кој се прикажани два ирваса врзани со каиши, веднаш до клупа на која често преноќуваат бездомници.
На снимката може да се види бездомникот Рајан како се подготвува да си легне на клупата до која е нацртан цртежот, кој полека се открива додека тече снимката, така што клупата со бездомник што лежи на неа и неговите предмети станува импровизација на познатата слика на Дедо Мраз, како лебди во темното небо.
„Господ да го благослови Бирмингем. За 20 минути додека го снимавме Рајан на оваа клупа минувачите му дадоа топол пијалок, две чоколатца и запалка, а тој не ни побара нешто“, напиша Бенкси.