Home » Во фокусот » Нов ROSA проект на љубовта

Нов ROSA проект на љубовта

Доењето е многу важно – како за контакт на мајката со детето, создавање на блискост и емотивна врска, така и за развојот на имунитетот на детето и намалување на здравствените ризици на кои може да биде изложено. ROSA препозна колку малчиното млеко е важно за бебињата и во соработка со агенцијата McCann Белград создаде нов проект на љубовта, кој е поддржан и од страна на Министерството за здравство на Република Србија.

“Секогаш ни е драго кога ќе добиеме повик да учествуваме во креирањето на кампањи од голема важност за целото општество во кое живееме. Овој пат Роса не покани да помогнеме во подигнувањето на свеста за важноста на доењето, постоењето на проблемите со кои мајките може да се сретнат при доење, нивните стравови и нејаснотии и испраќање на порака дека постои начин овие проблеми да се решат преку едукација и стручна помош во ROSA простории за мајки и бебиња. Целиот наш креативен тим пристапи со многу љубов и почит при осмислување на кампањата, која ќе испрати силна порака за важноста на природната исхрана на бебињата. За време на снимањето на ТВ спотот бевме во можност да присуствуваме на создавањето на оваа слатка магија која ги исполни нашите срца, а кај некои од нас измами и солзи, а по завршувањето на монтажата, здивнавме со задоволство, горди на она што го направивме”, изјави Дивна Пешкир, копирајтер во агенцијата McCann Белград.

“Сакаме на мајките и бебиња да им ги разубавиме првите заеднички денови и затоа од секое купено 1.5л шише, собираме 1 динар за отворање на места за помош и едукација при доењето во породилиштата во Србија. Преку оваа кампања сакаме да испратиме порака до сите идни мајки дека ROSA целосно ги разбира, дека е со нив и дека на крајот на оваа голема акција ќе биде во можност да им ги понуди дополнителна едукација и помош при доењето, доколку им биде потребна. Го чуваме #ОнаШтоЕважно”, изјави Јулија Жигиќ – виш бренд менаџер NCB, The Coca-Cola Company.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365