Home » Во фокусот » Нов серијал на реклами на McCann Белград и брендот Premia

Нов серијал на реклами на McCann Белград и брендот Premia

Во новиот серијал на реклами за брендовите Premia и Home expert, McCann Белград на хумористичен начин прикажува секојдневни ситуации поврзани со домашните работи и други домаќински подвизи.

Преку серија на комични приказни за секојдневието на еден забавен млад брачен пар, новиот серијал на кратки реклами ги промовира сите категории на Premia производите – од прехранбени до програмата за хемиски производи за домаќинство под брендот Home expert.

 “Големо е задоволството да се работи на проекти кои имаат за цел да бидат забавни и духовити. Сакавме да ја покажеме смешната страна на машко-женската поделба на трудот во домашните обврски, но исто така, и одмерено да се насмееме на сметка на мажите. Истовремено ја претставивме и улогата на производите Premia и Home Expert во секое домаќинство”, изјави Славко Марковиќ, Group Account Director, McCann Белград.

Тања Перовиќ Ал Хамаши, Head of Own Brands, Delhaize Србија, додаде: “Ни беше задоволство во соработка со агенцијата McCann Белград да работиме на проекти, преку кои претставивме до нашите потрошувачи еден дел од понудата од нашиот широк спектар на прехрамбени и непрехранбени производи. Во однос на резултатите, оваа кампања доведе до тоа нашите потрошувачи повеќе да не препорачуваат и почесто да ги купуваме нашите производи “.

Брендот Premia е повеќегодишен добитник на признанието “Најдоброто од Србија”, а на пазарот ја ужива довербата на потрошувачите речиси 10 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365