Отакако започна пандемијата на коронавирусот, прочистувањето на воздухот стана императив во сите услужни објекти, доколку сакаат да привлечат гости и да го одржат бизнисот.
Нов тренд кај хотелиерите е „рекламирање“ на чист и безбеден воздух. За таа цел, ланецот хотели и одморалишта “The Leela Palaces”, започна со промоција придружена со пораката “Вдишете ја среќата додека престојувате во палатата, со Breathe – нашиот нов систем за прочистување на воздухот“.
Ентериерот, богатата “all-inclusive” понуда, базените, спа центрите, врвната услуга, технологијата, модерните простории и слично – моментално се во втор план. Во 2021 година, најважно е каде ќе престојувате – колку е тој простор чист и безбеден.
Додека делумните блокади сè уште се на сила, а луѓето желни да патуваат, хотелиерите бараат нови начини за привлекување гости и одржување деловни активности, па сега тие нудат специјална понуда: воздух без вируси, односно воздух кој е прочистен.
Тука своето место го најдоа ХЕПА воздушните филтрации, како и плазма системите за прочистување, бидејќи „чистиот воздух“ e нешто што луѓето сега го очекуваат и можеме слободно да кажеме дека стана луксуз.
View this post on Instagram
Во хотелите, протоколите за дезинфекција секако се задолжителни цело време, а сега поентата е да се биде најдобар во тоа – иако не е 100% докажано колку добро прочистениот воздух помага да се елиминираат вирусите.
Од Американската асоцијација на инженери за греење, ладење и клима велат дека, во однос на различните технологии за чистење или дезинфекција на воздухот, биполарната јонизација е најмалку истражувана, поточно, има помалку документирани резултати досега во однос на чистењето.
Сепак, сопствениците на хотели и вила со базен можеби ќе треба да работат малку повеќе за да ги намамат клиентите. Затоа што многумина ќе продолжат да патуваат, како и досега, само кога вакцинацијата ќе стане масовна.