Традицијата и модерниот дух се поврзани во новата принт кампања
Hong Kong Ballet има нова принт кампања и бренд имиџ, со значителна промена во дизајнерскиот пристап. Танчерките се прикажани заедно со знаменитостите на Хонг Конг, со многу атрактивна визуелна изведба која ги комбинира традицијата и модерните трендови со цел да го пренесе духот на овој дом на културата.
Новиот имиџ дојде по назначувањето на новиот уметнички директор, Септајм Вебре, кој претходно работел за балетот во Вашингтон.
Рекламите, кои ги комбинираат фотографијата, постерите и програмските брошури, може да се опишат како бајковити и ги прикажуваат танчерите среде неверојатни балетски движења.
Кампањата ја изработи агенцијата Design Army, која пронашла инспирација во традицијата, поради што не е изненадувачки што има многу живописни црвени и сини тонови, но зазема многу модерен стил во изведбата, поради што кампањата е извонредно впечатлива.