Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola соопшти дека новата верзија на газираниот пијалок со додадено кафе ќе се појави на американскиот пазар во јануари следната година.
Новата „Coca-Cola with Coffee“ ќе ја комбинира обичната Кока-Кола со бразилско кафе, и тоа во три различни вкусоови – црна мешавина, ванила и карамела. Пијалокот ќе се продава во лименки и ќе содржи 69 милиграми на кофеин, за разлика од обичната Кока-Кола во лименка која содржи 34 милиграми на кофеин, односно 46 милиграми во лименка на диетална Кока-Кола.
Првиот обид на Кока-Кола за лансирање на слична комбинација со кафе беше во 2006 години, но производот беше повлечен по само две години. Од Кока-Кола веруваат дека тогашниот производ заговараше тренд пред своето време.
Според новите истражувања, вкусовите на потрошувачите се менуваат и тие сега сакаат да пробуваат нови и необични комбинации на пијалоци, поради што од Кока-Кола овој пат се убедени во успехот на својот екстра-кофеински производ.