Ланецот за брза храна McDonald’s ја објави својата нова Божиќна реклама за британскиот пазар, во која се фокусира на темата на пријателството.
Спотот насловен “Imaginary Iggy” („Имагинарниот Иги“) ја раскажува приказната за едно девојче кое создава имагинарен пријател кој ја носи радоста секоја празнична сезона. Но, неколку години подоцна, како што девојчето станува тинејџерка, таа заборава на својот сакан пријател.
Сепак, на крајот од спотот, уште неколку години подоцна, сега веќе девојката повторно се поврзува со своето „внатрешно дете“ (во ресторан на McDonald’s) и повторно го буди својот замислен пријател, со цел да го врати вистинскиот Божиќен дух.
Видеото е проследено со преработка на песната “Time After Time” од Синди Лопер, во интерпретација на пејачката Mabel. Со секое симнување на песната, McDonald’s ќе донира по 10 пенија на добротворната организација FareShare.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција Leo Burnett London и продукциската куќа Object & Animal, додека пак медискиот закуп е задача на агенцијата OMD.