Популарниот шкотски безалкохолен пијалак Irn-Bru ја лансираше својата нова кампања за 2022 година, во која на хумористичен начин ја изразува амбивалентноста на неговиот вкус.
Имено, Irn-Bru ја црпи својата популарност токму од неговиот неопределен вкус, за кого никој не може да се согласи на што потсетува, но сите се согласни дека е баш вкусно.
Во првиот спот на кампањата, едно момче-матурант ја чека својата партнерка да се симне по скалите, додека нејзиниот горд татко чека со камера да го сними моментот. Кога таа се симнува, момчето коментира дека неговата партнерка изгледа поубаво и од лименка Irn-Bru, на што таа одговара: „Ох, колку го сакам неговиот вкус на крем сода“.
Тука се случува комичниот пресврт, бидејќи момчето не може да се согласи со искажаното тврдење, па како замена за партнерката се наметнува нејзината мајка. Но, и таа не може да го погоди вкусот на Irn-Bru, па конечно момчето се согласува со третата генерација – бабата на иницијалната партнерка.
Вториот спот прикажува група мафијаши кои во гепек ставаат труп завиткан во тепих. Според дијалогот, дознаваме дека се работи за човек кој не се согласувал со шефот за вкусот на Irn-Bru. Тогаш еден од придружниците дофрла друго мислење за вкусот, кои исто така не му се допаѓа на шефот. Бидејќи знаеме што следи, во продолжение ги гледаме шефот и третиот придружник како купуваат нов тепих.
Кампањата се реализира со помош на креативната агенција Leith и медиската агенција 7Stars.