CANAL+ INTERNATIONAL и нивната рекламна агенција BETC, претставија нова кампања што ќе се емитува на 25 различни пазари за да се потенцира единствениот однос кој платформата го создава во секојдневниот живот на Африканците.
CANAL има водечка позиција во телевизискиот сектор во последните 25 години, а CANAL + во моментов е на водечката позиција во 25 африкански земји. Во последниве години, брендот игра важна улога во локалниот културен развој, поради својата посветеност кон промовирање на африканските таленти.
Не е важно дали ги гледаат најголемите фудбалски натпревари, документарците за животни кои одземаат здив или уживаат во најдобрите филмови, Африканците поминуваат квалитетно време со CANAL +. Во последната година, претплатниците поминувале во просек 6 часа дневно гледајќи CANAL +.
Со новата кампања наречена „CANAL+ Заедно секој ден“, брендот им оддава почит на своите претплатници и единствениот однос кој секојдневно ги обединува толку долго време.