Овие денови Краш ја прошири понудата на веќе легендарните чоколди Дорина со нови сензационални и уште повкусни изданија.
По овој повод, Saatchi & Saatchi Хрватска разви нова платформа за комуникација и придружна кампања за Краш – “Преломи“.
Во сите пресвртни моменти во животот, без разлика колку се мали или големи, чоколадото Дорана секогаш може да биде со нас и да ни даде поттик да одлучиме за уште похрабар следен чекор.
Носечки комуникациски елемент на новата бренд платформа е спот прилагоден за емитување на сите видео платформи.
Со паралелна fast-cut монтажа, филмот прикажува пет реални ситуации за само 45 секунди во кои Дорина е ненаметлив двигател на настаните.
По повод претставувањето на спотот од агенцијата Saatchi & Saatchi Хрватска порачуваат: „Многу сме среќни што со клиентот и продукцијата за феноменално кратки рокови успеавме да произведеме складен бренд филм, кој со одлична слика и авангарден пристап на монтажа раскажува толку многу во толку кратко време. Најпрво, му благодариме на клиентот за довербата – а особено ни е драго што во спотот дебитира нашата млада лизгачка Хана Косиќ, која беше одлична“.