Повеќе од 80% од вработените во Србија не се задоволни со својата работа, а според светските истражувања промената на работата е претставува четврта најстресна промена во животот. Како во таква ситуација да се мотивираат поединците да се осмелат и впуштат во барање на нова, соодветна работа?
Водечкиот сајт за вработување во Србија, Poslovi.infostud.com, и McCann Белград, смислија серија на урнебесни видеа во кои протагонистите ги гледаме во хипотетичка ситуација: што би било доколку не ја промениле работата и не би станале она по што ги препознаваме и сакаме. На тој начин се прикажани позитивни примери на личности од јавната сфера, кој својот успех им го должат токму на тоа што во некој момент се осмелиле на оваа промена. Во кампањата се вклучени Неда Украден (пејач, дипломиран правник), Марко Шелиќ Марчело (автор, поренешен тату мајстор) и Дејан Пантелиќ (водител, поранешен работник во пекара).
Познатите личности се стратешки бирани со цел со кампањата да бидат опфатени и да се поттикнат различни целни групи. Покрај тоа, билбордите се стратешки поставени на локации во градовите кои се поврзани со протагонистите (пр. билбодрот на Неда Украден, која има диплома од дури два факултети, е поставен покрај Економскиот факултет во Белград), како дополнително би се покренала дебата на тема промена на работата.
Кампањата во првата недела од емитувањето на YouTubе привлече големо внимание и произведе лавина на коментари на социјалните мрежи. Погледнете за што станува збор:
https://www.youtube.com/watch?v=kXTKuHZxncw
https://www.youtube.com/watch?v=hasj4pyO1Pk
https://www.youtube.com/watch?v=YuRHqh9q_Fg
A