Телекомуникацискиот бренд Yettel лансираше нова кампања за унгарскиот пазар со која ја промовира својата нова понуда за домашен интернет.
Централниот видеоспот на кампањата е составен од три динамички сцени за употребата на домашниот интернет, илустрирајќи им на потрошувачите како тој може да се користи за одмор, забава или пак реализација на своите креативни идеи. Она што го прави спотот иновативен е начинот на кој тој е создаден.
Имено, креативниот тим изградил три различни сценографии со LED позадини, при што филмот бил снимен со роботска камера која им овозможила снимање со брзи, динамични и возбудливи агли на камерата. Благодарение на роботската камера, целата виртуелна содржина во позадина била совршено синхронизирана. Со цел добивање на посакуваниот конечен резултат, филмот бил дополнително „дотеран“ со примена на виртуелна реалност, но и аналогни левитирачки и подвижни елементи на сценографијата.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Artificial Group и продукциската куќа 235.