Во стил на долгогодишната, веќе класична „Ти не си ти кога си гладен“ кампања, Snickers сега ги потсетува своите фанови дека тие не можат ни да бидат smooth во своето однесување кога се гладни.
Новата кампања „Smooth it over“, дело на агенцијата BBDO Њујорк, треба да ги промовира најновите вкусни иновации на брендот – чоколади исполнети со крем од бадеми или кикирики.
Кампањата вклучува неколку комични телевизиски спотови и повеќе активности во сферата на дигиталниот адвертајзинг, принтот и социјалните медиуми.