Home » Во фокусот » Нова корпоративна кампања на Групацијата Триглав

Нова корпоративна кампања на Групацијата Триглав

Нова корпоративна кампања подготви Групацијата Триглав, која ја нагласува традицијата на квалитетни услуги, коишто Групацијата Триглав ги обезбедува веќе 115 години.

ispolnetite vetuvanja ne zblizuvaat

Со оваа кампања, чија носечка порака е ‘Исполнетите ветувања нé зближуваат’, дополнета со пораката ‘Веќе 115 години’, се обраќаме на нашите постоечки и потенцијални клиенти, семејствата, младите и постарите лица и сите останати учесници на пазарите каде што е присутна Групацијата Триглав“, информираат од компанијата.

 Од таму додаваат дека клучната порака на корпоративната кампања е искажана на емотивен начин, комуницирајќи топлина и вечност на врските, како резултат на искреноста и исполнувањето на дадените ветувања.

 „Низ една лична приказна, на едноставен и јасен начин, оваа кампања праќа порака до сите дека Групацијата Триглав може да им биде поддршка во важни и критични животни ситуации. Затоа е важно да ги исполнуваме дадените ветувања, земајќи ги во предвид животните  ситуации во коишто се наоѓа секој човек. Различните животни приказни од нас бараат разновидни решенија“, велат од Триглав.

Во корпоративната кампања вешто се комбинирани карактерни особини со коишто клиентите од сите пазари можат да се поистоветат. Кампањата истовремено е присутна на сите пазари на коишто делува групацијата, и вклучува широк спектар на комуникациски канали, како телевизија, радио, интернет, печатените медиуми, социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365