Home » Во фокусот » Нова мултикултурна празнична реклама на Самсунг со фокус на заедништвото

Нова мултикултурна празнична реклама на Самсунг со фокус на заедништвото

Самсунг ни ја претстави својата најнова празнична реклама, раскажувајќи го животот на еден портир чијашто единствена желба е да ги задоволи станарите во својата зграда.

Рекламата ја осмисли агенцијата Adam&EveDDB и истата на еден интересен начин ни го претставува културално свесниот портир кој го преуредува своето фоаје, само за да ги задоволи различните станари на својата зграда и на тој начин го прославува Дивали (Нова Година на Хиндусите), Ханука (Еврејски празник), кинеската Нова година и Божиќ.

Ноа Бернард, креативниот директор на Самсунг за Европа, изјави: „Духот на великодушноста е нешто што не обединува, посебно за време на празниците. Нашата интегрирана кампања ја слави оваа универзална вистина и покажува дека без оглед на тоа каде се наоѓате во светот, чинот на подарување во овај период на годината е нешто со кое сите можеме да се поистоветуваме.“

Ричард Брим, главен креативен директор во Adam&EveDDB, додаде: „Рекламата ни донесува топла приказна која ја слави универзалната вистина за дарувањето и вниманието за другите за време на празниците“.

Оваа мултикултурна реклама која има за цел да поврзува преку концептот на заедништвото, има и соодветна музичка позадина, песната Give a Little, Get a Little.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365