Home » Во фокусот » Нова празнична понуда на Македонски Телеком

Нова празнична понуда на Македонски Телеком

  • 15 GB промотивен мобилен интернет во Magenta 1 и Smart тарифите
  • Празнични бонуси за купување нов телевизор или смартфон

Во пресрет на Новогодишните празници, Македонски Телеком го надоградува Magenta 1 и Smart портфолиото со нови поволности за целото семејство, овозможувајќи им на корисниците остварување на своите желби и соништа за нови уреди и побогата комуникација со своите најблиски.

Со Magenta 1, која ги вклучува најдобрата дигитална телевизија – MaxTV и најстабилниот интернет, корисниците добиваат повеќе мобилен интернет и повеќе можности за споделување на празничните мигови.

Така, за Новогодишните  празници, Magenta 1 M на корисниците им нуди два постпејд броја со неограничени разговори и со промотивни 15 GB мобилен интернет за безгрижно споделување на сите убави моменти, како и одличен бонус од 16.000 денари за купување нов телевизор или смартфон.

Македонски Телеком со новогодишни поволности и во Smart тарифите.
Овие празници, корисниците на Smart M промотивно добиваат бонус од 8.000 денари за купување нов смартфон по супер цена, како и 15 GB мобилен интернет за комплетно уживање во празничните денови.

Најновата понуда на Македонски Телеком е најдобриот семеен подарок што на сите членови им овозможува заедно да сонуваат и да споделуваат опуштени празнични мигови вредни за паметење.

Сите детали за понудата на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365