Пред неколку дена Reebok ја лансираше кампањата “Free Range” која е придружена и со несекојдневно видео кое беше лансирано вчера и во кое главната улога ја има кокошка која со својот пример на секојдневна борба треба да ги охрабри луѓето да побегнат од монотоните и неинспиративни активности, потикнувајќи ги да пронајдат некој друг пат, начин или време за своите спортски активности и така доживотно да останат посветени на новиот (поздрав) начин на живот.
Иан Мартин, потпретседател на глобалниот одел за комуникации на Reebok по повод несекојдневното видео изјави: “Некои веројатно се прашуваат зошто главната звезда во нашието ново видео е кокошка. Како и нашата скромна кокошка, која побегна од својот кокошарник во потрагата по зелени полиња, така и ние сакаме да ги поттикнеме луѓето да се ослободат од конвенционалните фитнес одлуки и да се мотивираат себеси кон своите нови фитнес избори“
Погледнете го видеото околу кое се крена голема прашина: