Home » Во фокусот » Новата главна звезда на Reebok е….кокошка

Новата главна звезда на Reebok е….кокошка

Пред неколку дена Reebok ја лансираше кампањата “Free Range” која е придружена и со несекојдневно видео кое беше лансирано вчера и во кое главната улога ја има кокошка која со својот пример на секојдневна борба треба да ги охрабри луѓето да побегнат од монотоните и неинспиративни активности, потикнувајќи ги да пронајдат некој друг пат, начин или време за своите спортски активности и така доживотно да останат посветени на новиот (поздрав) начин на живот.

Иан Мартин, потпретседател на глобалниот одел за комуникации на Reebok по повод несекојдневното видео изјави: “Некои веројатно се прашуваат зошто главната звезда во нашието ново видео е кокошка. Како и нашата скромна кокошка, која побегна од својот кокошарник во потрагата по зелени полиња, така и ние сакаме да ги поттикнеме луѓето да се ослободат од конвенционалните фитнес одлуки и да се мотивираат себеси кон своите нови фитнес избори“

Погледнете го видеото околу кое се крена голема прашина:

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365