Агенцијата Ogilvy Дубаи ги изработи овие живописни решенија за принт и надворешно рекламирање
Во новата кампања на Кока Кола за принт и надворешно рекламирање наменета за Блискиот Исток, агенцијата Ogilvy Дубаи сакаше да ги поврзе луѓето и производот, а најдобар начин да се направи тоа е да се стават луѓето како дел од самиот производ.
Во новите реклами се користени детали од шишињата и стаклените и пластичните чаши на Кока-Кола, кои се визуелно исполнети со многу луѓе, така што тие изгледаат како меурчиња на овој познат пијалок. На нив се наоѓа и слоганот на кампањата “Taste the Feeling“, насликан над луѓето во многу мал фонт.
Копирајтерот на агенцијата, Aditya Hariharan, изјави дека целта е да се користи платформата “Taste the Feeling” за да се прослават неверојатните и колективни искуства. “Го споредивме чувството на пиење Кока Кола со чувството што го имате кога сте на распродаден концерт и уживате заедно со полн стадион фанови”, вели тој.
Една од рекламите беше направена минатата година и влезе помеѓу финалистите на фестивалот Cannes Lions. Останатите се нови.