Home » Во фокусот » Новата реклама на Кока Кола прикажува луѓе како дел од производот

Новата реклама на Кока Кола прикажува луѓе како дел од производот

Агенцијата Ogilvy Дубаи ги изработи овие живописни решенија за принт и надворешно рекламирање

Во новата кампања на Кока Кола за принт и надворешно рекламирање наменета за Блискиот Исток, агенцијата Ogilvy Дубаи сакаше да ги поврзе луѓето и производот, а најдобар начин да се направи тоа е да се стават луѓето како дел од самиот производ.

Во новите реклами се користени детали од шишињата и стаклените и пластичните чаши на Кока-Кола, кои се визуелно исполнети со многу луѓе, така што тие изгледаат како меурчиња на овој познат пијалок. На нив се наоѓа и слоганот на кампањата “Taste the Feeling“, насликан над луѓето во многу мал фонт.

Копирајтерот на агенцијата, Aditya Hariharan, изјави дека целта е да се користи платформата “Taste the Feeling” за да се прослават неверојатните и колективни  искуства. “Го споредивме чувството на пиење Кока Кола со чувството што го имате кога сте на распродаден концерт и уживате заедно со полн стадион фанови”, вели тој.

Една од рекламите беше направена минатата година и влезе помеѓу финалистите на фестивалот Cannes Lions. Останатите се нови.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365