Home » Во фокусот » Новата реклама на Самсунг во знакот на играта Fortnite

Новата реклама на Самсунг во знакот на играта Fortnite

Новата реклама на агенцијата R/GA е во партнерство на Samsung и најпопуларната видео игра во светот – Fortnite

Samsung Galaxy Note 9 го продолжува своето партнерство со најпопуларна игра во светот, Fortnite, со нова реклама која ги прикажува популарните движења и танцувања од оваа игра во вистинскиот живот.

Една од препознатливите карактеристики на Fortnite се токму танците што играчите ги користат за да ги предизвикаат другите играчи, за прославување на победата или едноставно да се насмеат со пријателите. Оваа функција на играта е толку популарна, што постојат цели YouTube канали посветени на овие игри, а сега се оживеани и во рекламата на Samsung.

Во рекламата се појавува и и најпопуларниот играч на Fortnite, Ричард Тајлер Блевинс, попознат по неговиот онлајн алијас “Нинџа“, со кој Samsung веќе направи неколку реклами, а кој во оваа реклама се појавува во еден сегмент од фризерски салон, каде што ја фарба косата во дречливо сина, неговиот заштитен знак, а во меѓувреме танцува “floss“.

Рекламата всушност го промовира високиот капацитет на батеријата на Note 9, која им овозможува на играчите да “издржат подолго од другите” во своите игри. Партнерство со Fortnite започна од самото лансирање Note 9, кога издавачката куќа Epic Games, која стои зад оваа игра, стави посебен аватар во играта, Galaxy skin, кој е достапен само за корисниците на Note 9 уредите кои ќе ја инсталираат играта.

Партнерството има смисла за Samsung, имајќи предвид дека Fortnite е глобално најпопуларна игра во светот, а во јуни оваа година, во својот врв, имаше околу 125 милиони играчи!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365