Телекомуникацискиот бренд T-Mobile ја објави својата нова реклама во пресрет на одигрувањето на американскиот Super Bowl, а главна ѕвезда е холивудскиот актер Џон Траволта.
Рекламата отпочнува со сцена во која новиот сосед, толкуван од Џон Траволта, инсталира интернет во својот нов дом. Меѓутоа, тој не е задоволен од вообичаениот бучен начин на кој тоа се изведува. Актерот е тогаш пресретнат од двајца негови соседи, толкувани од актерите Зак Браф и Доналд Фајсон, кои му даваат подобра алтернаива: домашниот интернет на T-Mobile.
Целиот спот е всушност краток мјузикл во кој тројцата актери пеат и пропратно танцуваат за поволностите кои ги нуди T-Mobile. Како што соседите објаснуваат за придобивките и удобностите кои ги нуди T-Mobile, Траволта постојано го додава референот: „Кажи ми повеќе, кажи ми повеќе“.
Всушност, спотот претставува реинтепретација на музичката нумера “Summer Nights” од познатиот филмски мјузикл Grease (1978), во кој главна ѕвезда беше токму Џон Траволта придружуван од Оливија Њутон-Џон.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Panay Films.