Живееме во навистина чудна година. Од меѓународни нуклеарни тензии во јануари, па преку глобална пандемија која го затвори светот на неколку месеци и ги одзеде животите на илијадници луѓе, до масовни протести во повеќе држави во светот. Ако баравме нова сезона на “Black Mirror” – сега ја живееме.
Пред еден месец, креаторот на дисописката хит серија, Чарли Брокер, изјави дека нема планови за следна сезона, споделуајќи дека животот е веќе доволно тежок.
Но, неодамнешните настани во светот поттикнаа една група студенти по адвертајзинг од Brother Ad School во Мадрид да направат концептуална кампања за тоа како тие ја замислуаат шестата сезона на “Black Mirror” која, спроед нив, е веќе во тек.
Креативниот концепт вклучува само едноставно огледало во црна рамка кое го става секој оној кој ќе се најде пред него во улога на главна ѕвезда во новата сезона на “Black Mirror”. „Петтата е последната сезона која можете да ја гледате на Netflix. Шестата се случува во реалниот свет,“ стои во објаснувањето на кампањата.
Позади кампањата се потпишани имињата на студентите Тито Роча, Рубен Де Блас, Алберто Арибас и Мер Мандрес.