Home » Extra 5 » Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите

Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите

Светот на Биби од синоќа се збогати со уште една сказна. На големо задоволство на тимот, за нецели 16 часа има 4.000 прегледи на втората сказна на сезнајката Биби – „Биби и џиновите“.

Во новата епизода Биби ги учи децата колку е важно да се грижиме за себе и за околината и дека не постојат машки и женски работи.

За сценариото на приказната се погрижи Билјана Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. За гласот на Биби, како и за сите други ликови во сказната, и овој пат се погрижи актерката Слаѓана Вујошевиќ.

Јутјуб-катчето на Биби веќе сведочи за повеќе од 400.000 прегледи.

Ви пренесуваме само дел од неколкуте десетици коментари на нашата публика по премиерата на „Биби и џиновите“:

– Пеењето на џиновите, гласот на вештерката, чистењето била женска работа! Нема такво нешто како женска работа!

– Целата приказна е прекрасна! Сказните со Биби се навистина многу интересни и поучни. Секоја чест и големо браво за овој прекрасен проект.

– Најмногу ја сакаме храбрата Биби, која секогаш е спремна да помогне!

– Дајте да ви ги видам рацете! А ушите? Иииии!!!

– Најмногу ни се допадна тоа што Биби е храбра, умна, весела, тоа што ги научи џиновите да бидат уредни и добри готвачи.

Тимот на „Светот на Биби“ веќе ја подготвува новогодишната сказна и ви ветуваме дека ќе биде полна со магија. А во меѓувреме следуваат уште нови содржини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365