Home » Во фокусот » Нови графити со интересни пораки се појавија во Скопје

Нови графити со интересни пораки се појавија во Скопје

Илустративни пораки, уметнички креации, графити….. како и да ги наречеме станува збор за интересни примамливи сликовити пораки што одземаат внимение и будат интерес. Секој ги толкува и ги доживува на различен начин, но сите многу вешто ја откриваат главната порака

Нови графити на повеќе локации во Скопје викендот го одземаа вниманието на скопјани.

Граѓаните делумно зачудени, но истовремено и заинтригирани. Кој е авторот на овие графити, која е пораката што се пренесува?

По вчерашните фотографии од графити на кои беше испишан слоганот „Младост без лудост“, денес во јавноста се појавија и фотографии од јавни личности што ја праќаат истата порака.

Очигледно се најавува нешто ново, но сѐ уште никој нема идеја за што точно станува збор.

„Младост без лудост“ е новиот препознатлив слоган што ја заголицка фантазијата на сите оние кои деновиве прошетаа низ главниот град. Толкувањата се различни, претпоставки има многу, но она што авторот на овие графити и фотографии го прави, за сега е само голема мистерија преточена во креативна идеја и добро осмислена поента. За мотивот на оваа акција останува да бидеме трпеливи.

Гораст Цветковски, Дарко Глишиќ, Стефан и Мартин од Некст Тајм, Катарина Ивановска, Филип Кузмановски и водителката Елена Стојановска, се само дел од ликовите кои се фотографирале со овој слоган.

Дали повод за овие графити и фотографии е да се пренесе порака дека младоста не оди без лудост или дека младоста е убава и треба да се живее без лудост и одговорно, сѐ уште не можеме да откриеме, но со сигурност знаеме дека крајната цел на познатите личности кои се дел од вакви акции, секогаш е да им пренесат важна порака на младите. Останува да проследиме…

Автор

Marketing365 Marketing365 Marketing365