На последната седница на Советот на Град Скопје, беше усвоена одлука со која се предвидува можноста за компаниите, покрај на кабините, да се рекламираат и на носечките столбови и на кровот на објектот на Жичницата “Милениумски крст“ , во непосредна близина на почетната станица.
Според утврдениот ценовник, реклама на кабините ќе чини 9000 денари месечно од кабина, рекламирањето на столбовите месечно ќе чини 12.000 денари, додека пак на кровот на објектот рекламирањето е најскапо и ќе чини 60.000 денари месечно.
Вкупно, компаниите на располагање ќе имаат 28 кабини, 10 столба и кровот на објектот кој се наоѓа на почетната станица на жичарницата.