Пред околу два месеци на Маркетинг365 пренесовме дека водечкиот телеком оператор во Бугарија, Мтел го прекина долгогодишното партнерство со агенцијата DM&B Софија (Demner, Merlicek & Bergmann) и започна да соработува со независната агенција The Smarts со која во моментов ја реализираат и првата кампања, а денеска имаме можност да пренесеме дека чекорот на Мтел го следат и останатите конкурети.
DDB Софија, одсега ќе се грижи за маркетинг опслужување на операторот “Глобул“, а Next-DC стана нова дигитална агенција на операторот.
За media buying-от пак на Глобул ќе се грижи PHD, кои заедно со DDB Софија се дел од групацијата OMD.
Конкурсот на Глобул започна во Јуни со фазата “credentials” , до втората етапа стигнаа досегашната агенција Ogilvy, новата DDB како и noble graphics и reforma. На 21 јули агенциите ја имаа финалната презентација пред компанијата.
Освен NEXT-DC за digital проектите на “Глобул“ се бореа и ilyan.com, E-act Digital Agency и “Вирус креатив студио”.
Досега за рекламите на Глобал се грижеше агенцијата Ogilvy Софија а медиа buying-от го правеше Mindshare (исто така дел од Огилви), агенции кои за работата со операторот добија и многу награди и номинации на повеќе фестивали. Сепак откако Глобул минатото лето беше купен од Теленор, беше најавена и новата кампања за ребрендирање што значеше и нов питч за избор на нова агенција. За тој процес, како што гледаме, како најсоодветна агенција е избрана DBB Софија која во последниве четири години – дури три пати е избрана за најдобра креативна агенција на Бугарија.
ДДБ Софија во минатото има работенo и за ланецот мобилни продавници Handy, а во 2009 и 2010 работеше и со мобилниот оператор Mtel.
Со завршениот избор на Глобул, заврши и најинтересната “сезона“ за питчеви кај телеком операторите во Бугарија имајќи го во предвид и фактот дека оваа година свој питч имаше и операторот Vivacom.
На конкурсот за избор на маркетинг агенција која ќе се грижи за опслужување на Vivacom, конкурираа New Moment, reforma, noble graphics и Publicis а финалниот избор беше да се продолжи соработката со досегашната агенција New Moment New Ideas Company.