Конечно, 17 месеци после оригиналниот датум, на 30 септември ќе биде објавено новото продолжение на филмската франшиза Џејмс Бонд – “No Time to Die”.
По тој повод Heineken, официјалниот пијалок на агентот 007, објава нова реклама во која има само четири зборови: “Well worth the wait” („Вредеше да се чека“).
Имено, во рекламата гледаме како Џејмс Бонд т.е. актерот Даниел Крејг кој го толкува ликот на агентот, седи во некој лаунџ-бар и чека ладно шише пиво – како што фановите го чекаат новиот филм.
Кога пивото конечно доаѓа, Бонд ја полни перфектната чаша пиво, отпива една голтка и задоволно заклучува со претходноспоменатите четири зборови.
Дали навистина вредеше да се чека, ќе видиме на 30 септември. :)
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Publicis Italy и продукциската куќа Smuggler.