Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung отпочна глобална кампања со цел промоција на новиот телевизор Neo QLED 8K Samsung TV, која нѐ води низ спектакуларно визуелно патешествие во кое еден човек тргнува на епска мисија да ја импресионира својата „намрштена“ мачка.
Сопственикот на мачката ѝ купува фонтана со млеко, создава одело кое емитува црвени ласери на сите страни, полни цел базен со шарени топки, па дури и организира спектакуларна улична парада во чест на својата мачка. Но, таа сепак останува неимпресионирана – сé додека не се соочи со новиот телевизор на Samsung и конечно не изговори: “WOW!”
Покрај видеоспотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата ќе вклучува и out-of-home реклами и активности на социјалните мрежи за пазарите на Австралија, Бразил, Индија, Италија, Мексико, Обединетото Кралство, Сингапур и Соединетите Американски Држави.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BBH Singapore и продукциската куќа Immigrant Studio. Видеоспотот е режиран од страна на Родриго Саведра.